Skip to content

Еден е лидер – сите останати наведнуваат глава

Февруари 23, 2012

Манипулацијата на политичарот

Во светот велат дека добриот политичар ќе го добие вашиот глас, а сепак нема да стори ништо за вас. Навистина тоа е идеален модел за изградба на една личност која што се занимава со таква јавна професија. Дали тајната се крие во моќта на манипулација, која што е вежбана со мнооогу тренинзи, со сугестии од стручни лица, со драмски експерти за ораторство или е сосема нешто друго – можеби нашите поколенија ќе откријат. Во суштина, ниедна тајна до сега не е зачувана, секако ако тука не ги вброиме масоните, но тие секако не се луѓе, па не би припаѓале во оваа категорија на обични смртници.

Тој што комплетно ги владее овие вештини над просекот, по логика на нештата станува лидер, кој ќе биде предводник на толпа луѓе, кои потајно ќе имаат желба да го стасаат местото на лидерот (кога–тогаш)! Веројатно има по некој исклучок од ова правило, меѓутоа и тоа не е сосема случајно.

Повремено, ќе се избере по некој претседател, поточно спикер за државата, кој нема оштар јазик, кој е мирен и кроток, кој е спонтан и непровокативен, но сето тоа е само нијанса боја над вистинската слика, за да помислат граѓаните дека и од обичен смртник може да стане медиумска важна политичка фигура. Овој модел се покажа успешен два пати, но на некој и да му го нацрташ, повторно нема да го разбере напишаново погоре.

Амнезија на лоши спомени

Такви сме, забораваме на лошите спомени, забораваме сè што нè повредува, не се сеќаваме на трагедиите, на колективните незадоволства, на групните семејни несреќни отпуштања од работа, на нормалнит животот пред транзицијата. Меѓутоа, тој механизам на амнезија, обичниот Македонец го употребува за да се заштити себе си, за да ги намали страдањето и агонијата од нестандардниот живот, од легалните нормални човекови потреби кои се сведени на минимум. Не се одделувам ниту јас од оваа група, затоа што ме претопуваат луѓе кои велат дека има секогаш полошо, а никогаш не се стремиме да се споредиме со нешто подобро.

Каква е демократијата во партијата?

Партијата функционира како заедница истомисленици, кои сакааат да бидат водени од човекот со најголеми лидерски способности, во некои случаи е  истиот човек – основач. Тука се појавива големата дилема. Дали секогаш треба поданиците да бидат согласни на лидерот, по секоја цена? Во секое здраво вистински демократско општество, треба да се слушне сечија идеја, сечие решение за проблемот, сечие мислење, под услов нели мислењето да биде оригинално и мислено со своја глава. Е токму тоа не се случува во македонскиот политички свет!

За да се задржи репутацијата, за да се продолжи добриот пријателски однос, секој член во партијата ќе си го погази својот став за сметка на некој смешен, недоволно практичен, налудничав план. Сето тоа ќе биде хипотетички за проста замена на услуги, глас, став, поддршка – продадени за повисока позиција, ветено пратеничко место, па сè до министерска позиција (каде што воопшто не се води сметка дали дипломираниот градежник ќе биде совршен на позицијата: лидер во информатичката технологија. Овој коментар е карикирање на веќе постоечката македонска ситуација, каде што владеењето на народот вели дека и јас како колумнист може да бидам исто толку успешен молер.

Значи како констатација што е најшироко прифатена може да биде следнава:- демократијата во политичките партии е еднаква на нула, сите фарси имаат цел да прикажат лажна слика кај народот, во суштина сè e оставено во рацете на лидерот, кој статистички 50% може да биде и неподобен, но никој не размислува во таа насока.

Неговите идеи, кои можат да бидат катастрофални по општото добро – се поддржани по секоја цена, а глумењето на демократија и рамноправност на сопартијците е само мала динамика во нивните досадни повремени собири. За да мисли народот дека нешто се случува, понекогаш има исценирани збиднувања во идентичен момент кога нешто важно се случува на ова поднебје, во борба за конкуренција – да се засени едната вест со другата и другата да добие поголемо значење.

 

Значи, сите вие припадници во некоја политичка опција, активирајте го мозокот за сите точки на разговор, затоа што (ве потсетувам) дека вежбањето на истиот ќе придонесе да го имате истиот коефициент на интелигенција, кој ќе ве разликува драстично од едноклеточните организми. Вашето неактивирање, полтронизам, привидната заспаност и глумење демократија, ќе ви донесе мир во семејството, но ќе бидете проколнувани од сите кои страдаат заради вашите конформистички цели. Нека ви стои на чест!

From → колумни

Напиши коментар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.